Дописници МКДОпштински вести

Хуманитарното Здружение „Туин“ од Швајцарија, гради куќа за нивниот сограѓанин во родниот крај

Жителите на селото Туин од Кичево, кои живеат и работат привремено во Швајцарија, собраа финансиска помош за нивниот соселанец М. Д.

Кичево, 9 јуни 2020 (МИА) – Жителите на селото Туин од Кичево, кои живеат и работат привремено во Швајцарија, собраа финансиска помош за нивниот соселанец М. Д.

Гледајќи тешка социо-економска положба на М.Д. и неговото семејство, жителите на селото Туин, собрани околу нивното здружение „Туин“ во Швајцарија, успеаја да соберат пари и ги повикуваат сите кои можат да помогнат да им се приклучат во хуманитарната акција.

-Драги сограѓани, пријатели и други донатори од други населени места што помогнавте, ве информираме дека нашето здружение започна со реализација на хуманитарната акција за изградба на куќата на нашиот сограѓанин М. Д. Голема благодарност до сите донатори кои до сега ни помогнаа. Апелираме кон сите други добронамерни луѓе кои имаат можност да помогнат, да се јават во раководството на хуманитарното Здружение „Туин“ во Швајцарија, ние остануваме со надеж дека ќе ни се придружите во нашата хуманитарна акција, молиме Бога да ја благослови вашата добрина, се вели во соопштението на хуманитарното Здружение „Туин“ од Швајцарија. рз/ир

Таг
Back to top button
Close
Close