Некатегоризирано

Хуманитарни собирни акции во Делчево за помош на настраданите од земјотресот во Албанија

Црвен крст Делчево од утре, 30 ноември, започнува со хуманитарните собирни акции за помош на настраданите од земјотресот во Албанија. Волонтерот Михаела Маџова, информираше дека како дел од првата акција на неколку локации ќе бидат поставени отворени пунктови, каде ќе се собираат донациите.

Делчево, 29 ноември 2019 (МИА) – Црвен крст Делчево од утре, 30 ноември, започнува со хуманитарните собирни акции за помош на настраданите од земјотресот во Албанија. Волонтерот Михаела Маџова, информираше дека како дел од првата акција на неколку локации ќе бидат поставени отворени пунктови, каде ќе се собираат донациите.

-Од материјалните средства може да се донира конзервирана храна, средства за хигиена, кебиња, душеци и вреќи за спиење, кои мора да се спакуваат по стандарди на Црвен крст за достава на хуманитарна помош. Донациите може да се достават на отворените пунктови утре или од понеделник до петок од 8 до 16 часот во просториите на Црвен крст Делчево, информира Маџова.

Апелираше граѓаните и бизнис-секторот активно да се вклучат во собирната акција, со тоа што ќе донираат финансиски средства за настраданите.
-Последните информации се дека на самото место има доволни количини на хуманитарна помош и затоа најпотребни се финансиски средства и може да се донираат на телефонските броеви и на сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ, додаде Маџова.
Според планираното, утрешната хуманитарна акција на младите волонтери на Црвен крст од Делчево ќе се спроведе од 11 до 14 часот, со распоредени пунктови на две локации, првиот кај Градскиот пазар, додека вториот собирен пункт ќе биде распореден пред Стопанска банка во Делчево. вс/вг/

Back to top button
Close
Close