Дописници МКДОпштински вести

Хуманитарни пакети за ранливите категории во Крива Паланка

Во општинскиот кризен штаб Крива Паланка се донирани двесте пакети со храна и намирници кои ќе бидат доставени до ранливи категории лица од општината. 

Крива Паланка, 1 април 2020 (МИА)Во општинскиот кризен штаб Крива Паланка се донирани двесте пакети со храна и намирници кои ќе бидат доставени до ранливи категории лица од општината. 
Дел  од пакетите за семејствата беа доставени во населбата Единство,а останатите ќе бидат поделени преку општинскиот кризен штаб Крива Паланка на оние семејства на кои им се најпотребни, информира Сашко Митовски, секретар на ОО СДСМ, Крива Паланка од каде со генералниот секретар на партијата ја обезбедија донацијата.
Митовски порача граѓаните да ги почитуваат препораките од надлежните, за да сите заедно што по скоро ја пребродиме оваа криза.ид/лв/
фото МИА архива

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close