Дописници МКДОпштински вести

Хуманитарна помош од Црвениот Крст Куманово за ранливи семејства од козјачкиот регион

 Волонтерите од општинската организација на Црвениот крст Куманово, поделија пакети со прехранбени и хигиенски продукти за ранливи категории семејства од козјачкиот регион, општина Старо Нагоричане.

Куманово, 23 февруари 2021 (МИА) – Волонтерите од општинската организација на Црвениот крст Куманово, поделија пакети со прехранбени и хигиенски продукти за ранливи категории семејства од козјачкиот регион, општина Старо Нагоричане.

-Денеска волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово ги посетија селата Арбанашко, Рамно, Буковљане, Цветишница и Дејловце воедно и најпогодените од студениот бран кој го зафати овој регион изминатиов период. При посетата волонтерите доставија хуманитна помош во вид на семејни прехрамбени пакети за 24 социјлано загрозени семејства од овие села, изјави секретарот на општинската организација, Бојан Петрушевски.

Црвен крст Куманово ќе продолжи со дистрибуција на хуманитарна помош за најранливите семејства од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Ова се редовни активности со кои им се излегува во пресрет на најсиромашните. ам/мч/

Back to top button
Close
Close