Дописници МКДОпштество

Хуманитарна акција за социјално загрозени валандовчани

Во пресрет и по повод големите верски празници, православниот Велигден и муслиманскиот Рамазан Бајрам, граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ повторно се јавува како организатор на хуманитарна акција за социјално загрозени граѓани на општината.

Гевгелија,17 април 2021(МИА) – Во пресрет и по повод големите верски празници, православниот Велигден и муслиманскиот Рамазан Бајрам, граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ повторно се јавува како организатор на хуманитарна акција за социјално загрозени граѓани на општината.

-Акцијата ја организираме во соработка со општествено одговорни компании и граѓани кои овозможија годинава да поделиме повеќе од 200 пакети со прехранбени продукти и хигиенски средства кои за верските празници ќе им бидат добродојдени на нашите сограѓани од ранливите категориии, велат организаторите.

До вчера, потврдија тие, дека според список добиен од општинскиот центар за социјални работи биле поделени 50 хуманитарни пакети, а останатите 150 етапно ќе биле доставувани до корисниците до почетокот на празниците.

Хуманитарната акција на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ прв пат беше организирана минатата година кога беа поделени 350 пакети на граѓаните на кои им беа неопходни. им/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close