Дописници МКДОпштество

Хуманитарна акција за помош на просветен работник во Делчево

Делчевци се организираат за помош на наставникот Љупчо Бојановиќ, на кого му е потребен втор третман по успешното лекување со матични клетки во приватна болница во Русија. За вториот третман на Бојановиќ кој боледува од Амиотрофична латерална склероза, веќе е во тек акција за собирање на потребните околу 7.500 евра, а организаторите за собирање на средствата велат дека третманот треба да се реализира итно со цел подобрување на состојбата на Бојановиќ.

Делчево, 22 јуни 2020 (МИА) – Делчевци се организираат за помош на наставникот Љупчо Бојановиќ, на кого му е потребен втор третман по успешното лекување со матични клетки во приватна болница во Русија. За вториот третман на Бојановиќ кој боледува од Амиотрофична латерална склероза, веќе е во тек акција за собирање на потребните околу 7.500 евра, а организаторите за собирање на средствата велат дека третманот треба да се реализира итно со цел подобрување на состојбата на Бојановиќ.
– Од болницата веќе ја закажаа наредната посета и чекаат одговор од наставникот кој веќе има складирано резерви од сопствени матични клетки. Третманот овој пат ќе чини 7.588 евра, плус патни трошоци, како и трошоци за сместување и храна за придружник. Свесни сме за финансискиот импакт што ја одрази врз сите нас кризата од КОВИД-19, но се надеваме дека сите ќе се обединиме и уште еднаш ќе му помогнеме на нашиот професор, велат организаторите на хуманитарната акција.
Донациите се реализираат на телефонските броеви на А1 143-468 и Телеком 143-454, додека жиро-сметката за помош на наставникот Бојановиќ е објавена на посебниот настан за таа намена на социјалните мрежи.
Во јануари годинава со поддршка од хуманите граѓани беа собрани 30 илјади евра, средства кои беа наменети за третирање со матични клетки, кои беа прифатени од телото на делчевскиот наставник. вс/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close