Дописници МКДОпштински вести

Хуманитарна акција за помош на 38-годишниот велешанец Тони Илијевски

Семејството на 38-годишниот Тони Илијевски од Велес бара помош од сите хумани луѓе за негово понатамошно лекување со цел да се спаси неговиот млад живот.

Велес, 13 мај  2021 (МИА) – Семејството на 38-годишниот Тони Илијевски од Велес бара помош од сите хумани луѓе за негово понатамошно лекување со цел да се спаси неговиот млад живот.

Ве молиме за помош за Тони Илијевски кој има само 38 години и две малолетни деца. Поради ненадејно влошена состојба од Ковид-19 итно беше префрлен на лекување во Болницата Систина. Моментално е во тешка здравствена состојба со 24 – часовна кислородна поддршка веќе шест дена, комплетно оштетено едно белодробно крило, додека другото е во добра состојба само една третина, апелираат од неговото семејство.

Тие апелираат до сите хумани луѓе да донираат на следнава сметка:

250-0140007013-33 Шпаркасе Банка

Ул. Димче Димовски – Кокошарчето бр 5

Име :Тони Илијевски

и да му помогнеме на Тони.

Број за донација: 143116 ТЕЛЕКОМ. ад/вг/

Back to top button
Close
Close