Дописници МКДОпштински вести

Хуманитарен ракометен натпревар за помош на семејството Арсоски

Општинската организација на Црвен крст Кичево и Клубот на млади во соработка со Ракометниот клуб „Партизан" од Кичево денеска организираше хуманитарен ракометен натпревар во спортската сала „Јанчица".

Кичево, 2 февруари 2020 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст Кичево и Клубот на млади во соработка со Ракометниот клуб „Партизан” од Кичево денеска организираше хуманитарен ракометен натпревар во спортската сала „Јанчица”.
Собраниот приход  од спортскиот настан ќе биде дониран на сметката на семејството Арсоски во Кичево кои останаа без покрив над глава откако беше опожарена нивната куќа. Од пожарот бил зафатен горниот кат на куќата и изгорела целата покуќнина.

-Треба заедно да се сплотиме според можностите и да помогнеме да се обнови нивниот дом, рече Ивана Лазеска од Црвениот крст во Кичево. рз/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close