Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Хрватскиот Сабор расправа за самораспуштање

Хрватскиот Парламент одлучува денеска за распуштање на предлог на шест пратенички групи од владејачкото мнозинство, по што, претседателот на земјата Зоран Милановиќ ќе треба да одреди датум за одржување парламентарни избори.

Загреб, 18 мај 2020 (МИА) – Хрватскиот Парламент одлучува денеска за распуштање на предлог на шест пратенички групи од владејачкото мнозинство, по што, претседателот на земјата Зоран Милановиќ ќе треба да одреди датум за одржување парламентарни избори.

Потребни се 76 гласови на пратеници за да се гласа за одлуката за распуштање, а претседателот на ратеничката група на ХДЗ, Бранко Башиќ, уверува дека одлуката ќе биде донесена со 80 гласови.

Претставниците на загрепската опозиција ја поминаа ноќта пред зградата на хрватскиот парламент, незадоволни од распуштање на парламентот пред донесувањето на законот за реконструкција на градот Загреб, по неодамнешниот земјотрес.

Ако Саборот се распушти денеска, останува на претседателот Зоран Милановиќ да одлучи за еден од четирите предложени датуми – 21 и 28 јуни или 5 и 12 јули.

Парламентарните избори мора да се одржат во рок од 30 до 60 дена од распуштањето на Парламентот, што значи дека крајниот рок за избори би бил 12 јули, а најраното на 21 јуни. ссм/

Back to top button
Close
Close