0_Web_АктуелноSvet.SlajderБалканБалкан.Портал

Хрватски научник од СЗО: Нема место за паника

Потребна е претпазливост, но никако и паника во однос на новиот коронавирус, вели хрватскиот научник Игор Рудан, шеф на истражувачки центар на Светската здравствена организација на Универзитетот во Единбург. 

Загреб, 26 февруари 2020 (МИА) – Потребна е претпазливост, но никако и паника во однос на новиот коронавирус, вели хрватскиот научник Игор Рудан, шеф на истражувачки центар на Светската здравствена организација на Универзитетот во Единбург.

– Иако за сериозен научник е неблагодарно да прогнозира што и да е во врска со ширењето на сосема новиот и непознат вирус во популацијата во светот, ниту да се предвидат настаните што ќе следуваат, во текот на изминатите два месеца за Ковид-19 собравме доволно докази за барем некои предвидувања, напиша Рудан на Фејсбук, појаснувајќи дека појаснувањето за него претставува општествена задача со оглед на тоа дека долго и интензивно се занимава со ова подрачје.

– Ако новиот коронавирус со тек на време целосно се прошири во Хрватска и да успее да ги заобиколи бројните мерки за превенција кои во моментов се во сила, бројот на жртви, отприлика, би бил споредлив со бројот на жртви од грип или сообраќајни патни незгоди во истиот период. Тоа значи дека одредена, здрава, будност и внимателност е препорачлива. Претпазливоста е разумна се додека е на исто ниво како кога можеби седнувате во автомобил и се подготвувате за подолг пат или кога ќе чуете дека пристигнал грипот во земјата, вели Рудан.

– Ако поради новиот коронавирус чувствувате страв поголем од тој кога влегувате во автомобил за да возите или кога ќе чуете дека стигнува грипот, а кој ви е веќе добро познат, значи дека тој страв веќе не е разумен и оти сте подлегнале на атмосферата на паника. Таа паника во вас ја предизвикуваат постојаните медиумски написи и начинот на истакнувањето, а не општоприфатени и научно втемелени сознанија за коронавирусот. Ако сте почнале да се однесувате поинаку од вообичаеното во текот на зимските месеци, на пример за време на епидемијата на грип, ако правите залихи на храна или носите заштитни маски на улица, тоа не е однесување кое е соодветно на вистинските размери на опасност, потенцира тој.

Рудан, исто така, одговори на прашањето кое му го поставиле многумина во периодов – зошто за коронавирусот толку се пишува и предизвикува загриженост, а за грипот не, иако грипот можеби е и поопасна болест. – Делумно, причина е тоа што грипот веќе со десетлетија ни е добро позната болест, која се враќа секоја година и имаме искуство со нејзините манифестации, знаеме како однапред да развиеме вакцина против грипот, а почнаа и донекаде делотворни лекови да се појавуваат на пазарот, појаснува хрватскиот научник.

– За разлика од грипот, новиот коронавирус ни е непознат и внимателни сме најмногу за да не не изненади. Ако тој вирус во моментов има некаков интерес, тоа е да се прилагоди на човековиот вид како на свој нов резервоар во кој ќе продолжи да се размножува, а не да нè убива. Вирусот сега, со ширењето во човековиот вид, ќе продолжи да мутира за што побрзо и што подобро да се прилагоди. Многу од тие мутации ќе го направат помалку опасен за нашето здравје, бидејќи на тој начин подобро ќе ни се прилагоди. Меѓутоа, некои случајни мутации би можеле да го направат и поопасен и поради тоа мора да бидеме претпазливи додека не го запознаеме подобро и додека не заврши пандемијата. Не е веројатно дека новиот коронавирус ќе мутира на таков начин со кој би станал поопасен, но тоа ќе можеме дефинитивно да го тврдиме дури откако ќе заврши пандемијата, потенцира Рудан. ссм/

 

Back to top button
Close
Close