БалканБалкан.Портал

Хрватска најавува заострување на граничниот режим

Хрватскиот министер за внатрешни работи и шеф на Националниот штаб за цивилна заштита Давор Божиновиќ најави нов граничен режим за граѓаните на БиХ и на Србија, кој би можел повторно да вклучи обврска за двонеделна самоизолација.

Загреб, 24 јуни 2020 (МИА) – Хрватскиот министер за внатрешни работи и шеф на Националниот штаб за цивилна заштита Давор Божиновиќ најави нов граничен режим за граѓаните на БиХ и на Србија, кој би можел повторно да вклучи обврска за двонеделна самоизолација.

– Ја следиме епидемиолошката ситуација во земјите од соседството и она што го регистрираме последните денови се инфекциите кои пристигнуваат, односно кои ги носат луѓето кои најголем дел доаѓаат од државите во нашето источно соседство, нагласи Божиновиќ.

Тој додаде дека денеска Националниот штаб ќе одржи состанок, на кој веројатно ќе одлучи за измена на режимот при влез од Србија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Косово.

Одлуката која ќе биде усвоена ќе стапи во сила од полноќ следниот ден. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close