0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитика

Хронично болните се враќаат на работа, одлучи Владата

Владата на денешната трета седница го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на работа на хронично болните, со исклучоци.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Владата на денешната трета седница го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на работа на хронично болните, со исклучоци.

– Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, информираат од владината прес-служба.

Во рамки на седницата е одлучено бремените жени да продолжат да ги користат владините мерки. аа/мч/

Back to top button
Close
Close