БалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Хрисохоидис: Грција ги штити своите граници и е безбедна земја

Денеска сме во северен Еврос, заедно со началникот на Генералштабот на армијата, господинот Флорос, за да испратиме силна порака до сите дека Грција ги штити своите граници, Грција е безбедна земја, рекол, според АНА-МПА, министерот за цивилна заштита на Грција, Михалис Хрисохоидис, кој претпладнево замина за Еврос откако бегалци и мигранти започнаа да се собираат во Турција, на границата со Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 28 февруари 2020 (МИА) – Денеска сме во северен Еврос, заедно со началникот на Генералштабот на армијата, господинот Флорос, за да испратиме силна порака до сите дека Грција ги штити своите граници, Грција е безбедна земја, рекол, според АНА-МПА, министерот за цивилна заштита на Грција, Михалис Хрисохоидис, кој претпладнево замина за Еврос откако бегалци и мигранти започнаа да се собираат во Турција, на границата со Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Хрисохоидис истакнува дека дополнително ќе се зајакне чувањето на границите, а сили од војската и полицијата од целата земја ги зајакнуваат службите на Еврос „за да биде поефективна и побезбедно чувањето“ на границите.

-Многу е непријатно она што се случува од другата страна на границата. Односно, фактот дека несреќните луѓе се собираат на нашата граница, уценувачки, да влезат без патни исправи. Нашиот одговор е дека земјата прима и ги пречекува сите оние кои имаат легални патни исправи, но не можеме да прифатиме државјани на трети земји кои немаат легални документи. Границите на земјата се отпорни и затоа, несреќните луѓе немаат никаква причина да се собираат на нашите граници, на царинските станици, чекајќи да влезат во грчка и европска територија, вели министерот за цивилна заштита на Грција. ср/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close