Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Хоти: Косово ја ризикува својата иднина со одлагање на укинувањето на таксата кон Србија

Поттретседателот на Владата на Косово Авдулах Хоти смета дека секое одолговлекување со укинувањето на таксата од 100 осто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ја компромитира позицијата на Косово во дијалогот со Србија и носи ризик од изолација на владата и на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 27 февруари 2020 (МИА) – Поттретседателот на Владата на Косово Авдулах Хоти смета дека секое одолговлекување со укинувањето на таксата од 100 осто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ја компромитира позицијата на Косово во дијалогот со Србија и носи ризик од изолација на владата и на земјатајави дописникот на МИА од Приштина.

Хоти на својата страница на Фејсбук нагласи дека вклучувањето на Соединетите Американски Држави во преговорите со Србија е мошне позитивно и порача дека одлагањето на одлуката за укинување на таксата, што е услов за продолжување на дијалогот со Белград, им наштетува на односите со Вашингтон и Брисел.

– Американското вклучување во дијалогот ја промени динамиката на преговарањето. Ставот на државниот секретар (Мајк) Помпео и заложбите на амбасадорот (Ричард) Гренел дека суверенитетот на Република Косово е премногу значаен за иднината на регионот и дека договорот за мир меѓу Косово и Србија треба да резултира со меѓусебно признавање, се гаранции за нашата преговарачка позиција и за нашите цели, напиша Хоти.

Според првиот вицепремиер на Косово, дијалогот треба да го води косовската Влада, која го носи легитимитетот што ѝ го делегира Собранието.

– Што поскорешното вклучување дава време за поповолни преговори за конечниот договор. Таксата на српските и босанските стоки претставува ненадминлива пречка за меѓународната заедница, САД и ЕУ. Секое одлагање на укинување на таксата ја компромитира нашата преговарачка позиција во овој дијалог, им штети на нашите односи со САД и ЕУ, а воедно и носи ризик од изолација на Владата и на земјата, вели Хоти.

Тој смета дека ниту една еднострана мерка од страна на официјална Приштина не може да ја одбрани и унапреди косовската позиција, доколку таа не е поддржана од Вашингтон и Брисел.

– Владата на Република Косово треба да ја укине фамозната такса и така да седне рамноправно со нејзините пријатели на преговарачката маса. Секоја друга алтернатива сериозно ја загрозува иднината на земјата, порача Хоти. иа/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close