0_Македонија.ПорталОпштество

Хоспитализирани 595 болни или суспектни на Ковд-19

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 595 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите, информира Министерството за здравство.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) –. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 595 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите, информира Министерството за здравство.

Според извештаите на Министерството, во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни на вирусот, во болницата во Штип се хоспитализирани 35 лица. На инфективното одделение во Тетово се лекуваат 25 лица, додека во Велес има 24 позитивни лица на Ковид-19. Вкупниот број на пациенти позитивни на коронавирусот во Куманово е 48. Во ковид центарот во Охрид хоспитализирани се 50 пациенти, а во Прилеп 17 лица. Во Гостивар во моментов се лекуваат 16 лица, а во Струга 18. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациент, во Кочани две лица, а во Кичево осум, Кавадарци 14, во Гевгелија шест лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последните 24 часа на интерните клиники имало два приема, додека во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало три нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника примени се шест лица во текот на вчерашниот ден. Во текот на вчерашниот ден пуштени се 16 оздравени пациенти во Скопје.

-Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 лица, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациент со симтоми на коронавирусот.  Во ГОБ 8 Септември има вкупно 82 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, информира Министерството.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 114 слободни места во Скопје, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите клинички болници располагаат со болнички места до кои што има довод на кислород. Министерството ја следи состојбата со капацитет и посочија дека доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. ки/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close