Европа

Хоспитализиран кралот на Норвешка

Норвешкиот крал Харалд Пети денеска е примен во универзитетската болница во Осло, соопшти кралската палата без да наведе повеќе детали.

Осло, 25 септември 2020 (МИА) – Норвешкиот крал Харалд Пети денеска е примен во универзитетската болница во Осло, соопшти кралската палата без да наведе повеќе детали.

Кралот е на боледување, додаде палатата, пренесува ДПА.

Неговиот син, престолонаследникот Хакон, ќе го замени денеска и ќе претседава со седницата на државниот совет со кабинетот, се вели во соопштението.

Харалд (83) стана крал во 1991 година. ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close