Општински вестиСкопје

Хортикултурно уредување на зелениот дел кај Драмски

Засадени се нови украсни растенија на зелените површини во Карпош 2, спроти Драмски театар. Хортикултурно се уреди потегот, на кој претходно се засади нова трева, а беше поставен и систем за наводнување.

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Засадени се нови украсни растенија на зелените површини во Карпош 2, спроти Драмски театар. Хортикултурно се уреди потегот, на кој претходно се засади нова трева, а беше поставен и систем за наводнување.

– На овој начин се заокружува изгледот на овој маалски центар. Тука, Општина Карпош неодамна постави и нови клупи и корпи за отпадоци, соопштуваат од општинската прес-служба.

Оттаму информираат дека акцијата за хортикултурно уредување на јавните зелени површини продолжи и во Порта Влае, каде што во страничните жардиниери беа засадени вакви украсни растенија.

Наведуваат дека локалната самоуправа продолжува со интензивните активности за раззеленување на населбите и че бидат фокусирани на креирање нови зелени катчиња меѓу зградите. фф/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close