Општински вестиСкопје

Хортикултурно е уреден Реонски центар во Аеродром

Хорикултурно е уреден просторот во Реонскиот центар во Аеродром, и изграден е нов парк со вграден систем за полевање и нова урбана опрема, соопшти денеска Општина Аеродром.

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Хорикултурно е уреден просторот во Реонскиот центар во Аеродром и изграден е нов парк со вграден систем за полевање и нова урбана опрема, соопшти денеска Општина Аеродром.

-Градоначалникот Златко Марин и Општина Аеродром ја претставија поубавата страна на Аеродром. Имено, некогашниот неуреден простор во Реонски центар денес доби нов лик. Разубавен и хортикултурно уреден, информираат општинските власти.

Оттаму посочуваат дека во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ изграден е нов парк со вграден систем за полевање и нова урбана опрема, а постојното детско игралиште е реновирано со нова подлога и реквизити.бт/лв/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close