0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Холанд не е навреден од Нејмар и компанија

Како што е познато, Норвежанецот ги вознемири „кнезовите“ во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите меѓу двете екипи кога постигна два гола и имитираше медитација.

Дортмунд, 1 мај (МИА) – Водечкиот голгетер на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд изјави дека не е навреден од играчите на ПСЖ, бидејќи се шегуваа за неговиот начин на славење на головите.

Како што е познато, Норвежанецот ги вознемири „кнезовите“ во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите меѓу двете екипи кога постигна два гола и имитираше медитација.

Французите му вратија во реваншот, победувајќи со 2-0, а потоа упатија шеги на сметка на скандинавскиот напаѓач на социјалните медиуми. И меѓу најактивните беше суперsвездата Нејмар.

– Тие всушност ми помогнаа да ги направам медитациите познати низ целиот свет. Ние всушност покажавме дека медитацијата е нешто важно. Затоа сум им благодарен, рече Холанд.

Таг
Back to top button
Close
Close