БалканБалкан.Портал

Хоџај повикува на бојкот на српски производи

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај ги повика граѓаните да ги бојкотираат српските производи колку што е можно повеќе и да купуваат стоки произведени во Косово.

Приштина, 8 ноември 2018 (МИА)Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај ги повика граѓаните да ги бојкотираат српските производи колку што е можно повеќе и да купуваат стоки произведени во Косово.

Хоџај изјави дека дополнителниот данок од 10 отсто наметнат од владата во Приштина за производи од Србија и Босна и Херцеговина „ги брани интересите на косовската држава, ја зајакнува и го штити локалното производство.

Тој рече дека одлуката е донесена за да се спречи Белград да финансира кампања против Приштина.

-Мислам дека одлука како што е оваа го штити интересот на косовската држава, суверенитетот на Косово, територијалниот интегритет, но, над сѐ, ги штити локалните производи, вели Хоџај.ир/зш/

Таг
Back to top button
Close
Close