Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

ХИНА бара помош по земјотресот во Загреб

Зградата на хрватската новинска агенција ХИНА претрпе големи оштетувања по силниот земјотрес кој го погоди Загреб на 22 март, поради што Европската асоцијација на информативни агенции (ЕАНА) упати повик кон членството да им помогне на своите хрватски колеги, изјави генералниот секретар на ЕАНА, Александру Џибој.

Загреб, 25 март 2020 (МИА) – Зградата на хрватската новинска агенција ХИНА претрпе големи оштетувања по силниот земјотрес кој го погоди Загреб на 22 март, поради што Европската асоцијација на информативни агенции (ЕАНА) упати повик кон членството да им помогне на своите хрватски колеги, изјави генералниот секретар на ЕАНА, Александру Џибој.

Во соопштението се наведува дека просториите на ХИНА се нефункционални, но и покрај тоа новинарите од агенцијата продолжуваат да испраќаат информации до корисниците. Сепак, тие се соочуваат со огромни проблеми, бидејќи дел од опремата на ХИНА е уништена при земјотресот.

ХИНА има потреба од донации на техничка опрема, конкретно насочни микрофони за фотоапарати, фотографска опрема на „Канон“, лаптопи за обработка на текстови и лаптопи за обработка на видео материјали. гт/

Донациите можат да се испратат на адреса:

Hrvatska izvjesajna novinarska agencija

Marulicev trg 16.

10 000 Zagreb

Croatia

IBAN: HR2823900011100014190
SWIFT HPBZHR2X

Таг
Back to top button
Close
Close