0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Хет-трик на Варди во триумфот на Лестер над Манчестер сити

Лестер го совлада Манчестер сити со 5:2 во гостински натпревар од 3. коло на англискиот фудбалски шампионат. Напаѓачот на „лисиците“ Џејми Варди постигна хет-трик.

Манчестер, 27 септември 2020 (МИА) – Лестер го совлада Манчестер сити со 5:2 во гостински натпревар од 3. коло на англискиот фудбалски шампионат. Напаѓачот на „лисиците“ Џејми Варди постигна хет-трик.

Три од петте гола Лестер ги постигна од пенал.

За Лестер ова е трета победа во третиот меч од новата сезона во премиер лигата и со максимални девет бода е прв на табелата.

Манчестер сити остана на три бода по два натпревара. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close