Дописници МКДОпштински вести

Хелсиншкиот комитет со проекција на филмот „Лајла М“ го одбележа Денот на човековите права со штипските студенти

Хелсиншкиот комитет за човекови права со низа на настани го одбележуваат Денот на човековите права. Во рамките на низата активности денеска пред студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип беше презентиран филмот  „Лајла М“, по што следеше разговор со  извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и професорката  Јана Јакимовска. Пировска истакна дека проекциите на три филма се од 10 до 17 декември.

Штип, 13 декември 2019 (МИА) – Хелсиншкиот комитет за човекови права со низа на настани го одбележуваат Денот на човековите права. Во рамките на низата активности денеска пред студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беше презентиран филмот  „Лајла М“, по што следеше разговор со  извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и професорката  Јана Јакимовска. Пировска истакна дека проекциите на три филма се од 10 до 17 декември.

-Филмови, коишто опфаќаат одредена област, односно човекови права. Тоа е дел од фестивалот и ние се одлучивме за три филмови, за судењето на Ратко Младиќ, чија проекција ќе се одржи во понеделник во Скопје, „Лајла М“ која се случува денес и вчера исто така имавме и во Тетово, рече Пировска.

Забележа дека не случајно избрале тоа да го направат во образовни институции, бидејќи денешниот филм кој се прикажа пред штипските студенти е особено важен за младите.

-Младите луѓе покажуваат многу ниско ниво на свест кога зборуваме за човековите права. Тоа пред се должи на сиромашната содржина, којашто ја имаат за секојдневното, односно за конвенционалното образование, па се трудиме со вакви филмови на некој начин да им го доловиме тоа што е да речам многу дискутабилна земја, во земјите со долга демокртаска традиција, за жал Македонија не може да се пофали со такво нешто рече Пировска.

Универзитетската професорка Јакимовска рече дека денешниот филм е важно да го погледнат не само младите во земјава, туку и поширока, бидејќи исламофобијата, која е изговор за омраза е во голем подем.

-Демаскирањето на тие фобии и на тоа што значи нивната реакција во вид на некаков екстремизам, исто така е многу важно да се види како се случува и зошто се случува, рече Јакимовска.

 Хелсиншкиот комитет за човекови права овие активности ги реализира со поддршка на Амбасадата на Холандија.  вдј/дма/

Back to top button
Close
Close