0_МИА Истражува.ПорталИзбрано

Хеликоптери од нова генерација за црногорските пилоти

Црногорската војска неодамна ја обнови својата флота со набавка на најнапредни хеликоптери. Тимот на ТВЦГ разговараше со командантот на хеликоптерската единица и ја провери работата на новите летала.

1 март 2020

Радио-телевизија Црна Гора – Подгорица

Црногорската војска неодамна ја обнови својата флота со набавка на најнапредни хеликоптери. Тимот на ТВЦГ разговараше со командантот на хеликоптерската единица и ја провери работата на новите летала.

Повеќето момчиња сонуваат да бидат астронаути или пилоти. Откако завршил средно училиште, се запишал во воздухопловната воена школа, и преку Воената академија и станал пилот. Денес тој е потполковник, а првиот лет ќе го помни цел живот.

– Тоа е многу посебно чувство, вие сте уште дете кога почнува тој прв ден на летање. Многумина од мојата генерација немале можност да летаат ниту со комерцијален лет. Имав можеби еден комерцијален лет пред да летам првпат. Убаво чувство. Се сеќавате на многу работи од тоа, но на некои не се сеќавате. Тоа е некој адреналин и позитивен шок. Но, дефинитивно останува за цел живот, вели Попадиќ.

Потполковник Попадиќ рече дека пилотите најмногу се радуваат кога ќе добијат нова опрема, а во последните години тој и неговите колеги имале причини за задоволство.

Министерството за одбрана ја збогати воздухопловната единица со модерно опремени хеликоптери од нова генерација.

– Ова е „бел 412 ЕПИ“. Ние ги набавивме овие три хеликоптери. Сега сме во процес на набавка на лесни хеликоптери, кои, исто така, ќе служат за обука и замена на газелата, хеликоптерот со којшто претходно летавме. Ова е повеќенаменски хеликоптер и неговиот опсег на можности е навистина широк. Од превоз на патници до транспорт, гаснење пожари, извлекување луѓе од недостапни терени, служби за трагање и спасување, медицински летови, посочи потполковникот.

Потполковник Бојан Попадиќ им порачува на младите кои сакаат да станат пилоти дека најважно е да постават цел и секојдневно да работат на остварување на таа цел. Чекор по чекор и лекција по лекција. Затоа што, вели тој, пилотската работата бара трпеливост и љубов, која никогаш не престанува. ссм/

Back to top button
Close
Close