СветСвет.Портал

Хавајска туристичка организација им плаќа на туристите да  заминат од Островот

Хавајска туристичка организација „Алоха Сосиет“  им помага на туристите да си заминат од Островот поради пандемијата со новиот коронавирус, со тоа што им ја плажа авионската карта до нивните земји

Хонолулу, 24 април 2020 (МИА) – Хавајска туристичка организација „Алоха Сосиет“  им помага на туристите да си заминат од Островот поради пандемијата со новиот коронавирус, со тоа што им ја плажа авионската карта до нивните земји.

Агенцијата  издвоила 25.000 долари за патни трошоци за туристите кои мораат да си заминат ако одбијат 14 дневен карантин, што е пропишан од државата.

Хавајските власти соопштија дека за патните аранжмани е задолжена „Визитор Алоха Сосиет“, што и во нормални околности им помага на туристите на Хаваи да ги решат проглемите со кои се соочуват, како што се кражба или здравствени проблеми.

Од почетокот на воведува на вонредната состојба од Хаваи поради пандемијата со Ковид-19, вратени се 19 луѓе, а во одредени случаи поради прекршување на мерките морале да платат и казна.

На Хаваите досега се потврдени вкупно 596 случаи, а починати се 12 лица. ки/ми/ 

Таг
Back to top button
Close
Close