Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Хаг подигна обвиненија против Хашим Тачи и Кадри Весели

Специјалното обвинителство во Хаг подигна обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели

Хаг, 24 јуни 2020 (МИА) – Специјалното обвинителство во Хаг подигна обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели.

Според дел од косовските медиуми, обвиненија се подигнати и против други лица, кои се товарат за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително убиство, прогони и тортура.

Во обвинението се наведува дека Тачи, Весели и другите осомничени сносат кривична одрговорност за речиси 100 убиства.

Во обвинението се наведуваат стотина жртви меѓу кои и косовски Албанци, Срби, Роми и припадници на други етнички групи, но и политички противници. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close