Svet.SlajderСветСвет.Портал

Хашимото: ЛОИ мора да ги организираме по секоја цена

Јапонската министерка за Олимписки игри Сеико Хашимото изјави дека Игрите во Токио следната година ќе се одржат по секоја цена.

Токио, 8 септември 2020 (МИА) – Јапонската министерка за Олимписки игри Сеико Хашимото изјави дека Игрите во Токио следната година ќе се одржат по секоја цена.

– Сите вклучени во Игрите работат заедно за да се подготви сè, а спортистите прават големи напори за следната година. Игрите мора да ги организираме по секоја цена. Сакам да вложиме максимални напори да преземеме мерки против коронавирусот, рече Хашимото.

Олимписките игри, планирани за летото 2020 година во Јапонија, се одложени поради пандемијата на коронавирус за јули следната година.

Потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Џон Коутс вчера изјави дека Олимписките игри во Токио ќе се одржат следната година „со или без“ коронавирус. ссм/

 

Back to top button
Close
Close