0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Харис: Масовното вакцинирање ќе почне од средината на идната година

Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) Маргарет Харис денеска изјави дека до средината на следната година не очекува масовна вакцинација против Ковид-19, потензирајќи ја, пред се, важноста на строгите проверки на нивната ефикасност и безбедност.

Женева, 4 септември 2020 (МИА) – Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) Маргарет Харис денеска изјави дека до средината на следната година не очекува масовна вакцинација против Ковид-19, потенцирајќи ја, пред се, важноста на строгите проверки на нивната ефикасност и безбедност.

-До средината на следната година не очекуваме широко распространета вакцинација, изјави Харис на редовниот брифинг во Жeнева, јавија британските медиуми.

„Оваа трета фаза треба да трае подолго, затоа што мора да видиме колку вакцината навистина штити, а, исто така, мора да видиме колку е безбедна“, додаде таа, зборувајќи за клиничкото испитување на вакцината. сд/

Back to top button
Close
Close