0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Хари Кејн на продажба за рекордно висока сума

Според информациите, клубот сепак должи 637 милиони фунти по заемот што го зеде за изградба на новиот клупски стадион, како и дополнителни 83 милиони фунти за неплатени докрај трансфери. Со приходите од евентуалната продажба на Кејн, клубот ќе биде посигурен за претстојните плаќања.

Лондон, 12 април 2020 (МИА) – Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, реши да ја продаде својата голема sвезда Хари Кејн по крајот на сезоната, доколку некој се согласи да плати за напаѓачот 200 милиони фунти во овие услови.

Според информациите, клубот сепак должи 637 милиони фунти по заемот што го зеде за изградба на новиот клупски стадион, како и дополнителни 83 милиони фунти за неплатени докрај трансфери. Со приходите од евентуалната продажба на Кејн, клубот ќе биде посигурен за претстојните плаќања.

Самиот фудбалер неодамна зборуваше за можноста да го напушти омилениот клуб за конечно да освои трофеи.

Доколку се исплатат бараните 200 милиони фунти, Кејн ќе стане најскапиот фудбалер на светот бидејќи овој трансфер ќе го сруши рекордот кој го држи Нејмар. Во 2017 година, Пари Сен Жермен плати 222 милиони евра на Барселона или нешто повеќе од 195 милиони фунти за Бразилецот.

Манчестер јунајтед, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Јувентус имаат интерес за стрелецот на Тотенхем.

Таг
Back to top button
Close
Close