0_Спорт.ПорталКошарка

Харден ќе го пропушти третиот натпревар по ред во серијата со Милвоки

Кошаркарот на Бруклин нетс, Џејмс Харден ќе го пропушти четвртиот натпревар од второто коло од плејофот во НБА-лигата против Милвоки, објави „ЕСПН“, повикувајќи се на главниот тренер на Нетс, Стив Неш.

Њујорк, 13 јуни 2021 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин нетс, Џејмс Харден ќе го пропушти четвртиот натпревар од второто коло од плејофот во НБА-лигата против Милвоки, објави „ЕСПН“, повикувајќи се на главниот тренер на Нетс, Стив Неш.

Триесет и едногодишниот Американец продолжува да закрепнува од мускулна повреда, неговата состојба напредува. Така, Харден ќе пропушти трет последователен натпревар во серија против Бакс.

Бруклин води со 2-1 во серијата прв до четири победи. Четвртиот натпревар ќе се одржи вечер од 21 часот, домаќин ќе биде Милвоки. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close