Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Харадинај: Веруваме во невиноста на Тачи и Весели и на сите припадници на ОВК

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Рамуш Харадинај, по повод информацијата дека Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово може да покрене обвинение за воени злосторства против претседателот на државата Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели, порача дека е убеден оти Тачи и Весели се невини и оти борбата на косовските Албанци против српските сили во 19998-99 година беше борба за слобода.

Приштина, 24 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Рамуш Харадинај, по повод информацијата дека Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово може да покрене обвинение за воени злосторства против претседателот на државата Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели, порача дека е убеден оти Тачи и Весели се невини и оти борбата на косовските Албанци против српските сили во 19998-99 година беше борба за слобода.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и доскорешен премиер, во објава на својот Фејсбук порача дека неговите соборци и соработници од војната „водеа чиста војна, која резултира со слобода и формирање на Република Косово“.

– Албанскиот народ во Косово праведно поведе војна за слобода, по дивата окупација од страна на разните српски режими, која траеше речиси еден век, за да кулминира со режимот на Слободан Милошевиќ. ОВК водеше чиста војна, која резултира со слобода и формирање на Република Косово. Ние веруваме во невиноста на претседателот Тачи, претседателот Весели и на сите наши соборци, напиша Харадинај.

Косовските, регионалните и светските медиуми денеска објавија дека Специјалното обвинителство за Косово, со седиште во Хаг, покренало обвинениа против Тачи, Весели и други осомничени за голем број злосторства против човештвото и за воени злосторства, вклучително и убиства.

Обвинителството од Хаг објави соопштение во кое се наведува дека на Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на судот, на 24 април му е доставено споменатото обвинение, а дека истото треба да го потврди судија во претходна постапка.иа/сд/

Back to top button
Close
Close