Дописници МКДОпштински вести

„Хантер- фиш“ бара да прекине кражбатата на рибата во Осломејското езеро кај Кичево

Здружението на спортски риболовци „Хантер-фиш“ од Кичево, успеа со многу труд пред извесно време да изврши порибување на езерото Осломеј со контингент млади риби.

Кичево, 11 септември 2020 (МИА) – Здружението на спортски риболовци „Хантер-фиш“ од Кичево, успеа со многу труд пред извесно време да изврши порибување на езерото Осломеј со контингент млади риби. Покрај тоа, таа презеде и акцијата за уредување односно тампонирање на патот до и околу езерото, се со цел да се олесни пристапот до оваа природна убавина што природата му ја подари на Кичево, како што е езерото Осломеј.

– Напорот вложен во минатото од активистите на здружението, деновиве го злоупотребуваат некои неодговорни луѓе кои започнаа да го крадат со недозволена лов фондот на риба кој е создаден со порибување од наша страна во езерото Осломеј, вели Бесмир Елези, претседател на Здружението на спортски риболовци „Хантер-фиш“ од Кичево .

Вели дека тие како здруженија во наредните денови ќе преземат мерки против сите оние кои ќе се обидат и иствремено ќе бидат фатени крадеќи илегално риби, бидејќи на крајот на краиштата целта на нашето здружение е зачувување на природните убавини и богатства на нашата општина додаде Елези. рз/нд/

Back to top button
Close
Close