СветСвет.Портал

Хамнеи: САД се однесуваат кон другите, исто како полицајците кон Флојд

Иранскиот духовен лидер Али Хамнеи ја спореди смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд со однесувањето на САД кон другите држави.

Техеран, 3 јуни 2020 (МИА) – Иранскиот духовен лидер Али Хамнеи ја спореди смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд со однесувањето на САД кон другите држави.

– Тоа што полицаецот сосема рамнодушно со колено го притиска црномурестиот за тој да почине, без разлика на молбите, додека останатите полицајци гледаат и не преземаат ништо, не е ништо ново, туку тоа е суштината на Америка. Всушност САД така се однесуваат кон целиот свет – Авганистан, Ирак, Сирија, кон многу други земји, истакна Хамнеи.

Во своето обраќање по повод годишнината од смртта на лидерот на иранската револуција, ајатолахот Хомеини, тој оцени дека сегашните случувања во различни американски градови и држави претставуваат манифестација на реалноста која се крие во Америка.

– Нема ништо ново во тоа, нагласи Хамнеи.

Веќе една недела во САД се одржуваат протести по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Во најмалку 40 градови е воведен полициски час, но и покрај тоа демонстрантите излегуваат на улиците. Во 23 држави се ангажирани припадниците на Националната гарда. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави мобилизација на војската со цел да се спречи насилството. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close