Svet.SlajderСветСвет.Портал

Хамнеи: Иран треба да ја зајакне војската за да спречува војни

Врховниот водач на Исламската Република, Сејед Али Хамнеи, во текот на денешниот состанок со претставниците на иранските воздухопловни сили, ја истакна важноста на јакнењето на војската за да може да се спречи избивање на војни и за да се стави крај на непријателските закани.

Техеран, 8 февруари 2020 (МИА) – Врховниот водач на Исламската Република, Сејед Али Хамнеи, во текот на денешниот состанок со претставниците на иранските воздухопловни сили, ја истакна важноста на јакнењето на војската за да може да се спречи избивање на војни и за да се стави крај на непријателските закани.

Коментирајќи ги санкциите и проблемите што непријателите на Иран ги создаваат за неговата земја, врвниот лидер истакна дека „заканите можат да се претворат во можности ако официјалните лица постапуваат со претпазливост“.

Санкциите можат да ја спасат земјата од зависноста од продажба на нафта, додаде тој.

– Ние треба да бидеме силни за да спречиме војна против нашата земја. Ако сме слаби, тоа само ги охрабрува непријателите на Иран, рече Хамнеи, пренесува иранската државна новинска агенција ИРНА. ссм/

Back to top button
Close
Close