0_Спорт.ПорталОстанатоРезултатиСпорт.Слајдер

Хамилтон со најдобро време на првиот тренинг на Големата награда на Италија

Најдобро време на првиот слободен тренинг на ГН на Италија оствари возачот на тимот на Мерцедес Луис Хамилтон.

Монца, 10 септември 2021 (МИА) – Најдобро време на првиот слободен тренинг на ГН на Италија оствари возачот на тимот на Мерцедес Луис Хамилтон.

Втор беше Макс Верстапен од Ред Бул. На третата позиција е уште еден претставник на Мерцедес, Валтери Ботас.

Четвртото место му припадна на Ленс Строл (Астон Мартин).

Во првите десет се најдоа и Пјер Гасли од Алфа Таури, Себастијан Фетел од Астон Мартин, Карлос Сајнц од Ферари, Фернандо Алонсо од Алпин, Даниел Рикардо од Мекларен и Серхио Перез од Ред Бул.

Главната трка од Формула 1 шампионатот во Монца ќе се вози в недела со почеток во 15 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close