0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Хамилтон се залага за одржување на Формула 1 трка во Африка

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека би сакал во Африка да одржи една од трките од Шампионатот во Формула 1.

Лондон, 27 јуни 2020 (МИА) – Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека би сакал во Африка да одржи една од трките од Шампионатот во Формула 1.

– Едноставно би сакал да се организира трка во Африка. Важно е да се вратиме таму. Сега Формула 1 доаѓа во различни земји, но практично ништо не се менува. „Кралските трки“ треба да остават нешто зад себе, да помогнат во развојот на земјите. Мислам дека од овој аспект, Африка е најважната локација. Можеме да привлечете внимание на континентот, да покажеме колку е убаво таму. Не треба сè да почива на парите, луѓето се исто така важни. Ја поддржувам идејата да се одржи трка во Африка, изјави Хамилтон.

Сезоната 2020 во Формула 1 ќе стартува на 5 јули во Австрија. Токму Хамилтон ќе го брани шампионскиот трофеј. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close