0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Хамилтон по шести пат победник на „Каталуња“

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Шпанија. Британецот по шести пат победи на патеката „Каталуња“ крај Барселона.

Барселона, 9 мај 2021 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Шпанија. Британецот по шести пат победи на патеката „Каталуња“ крај Барселона.

Втор беше возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, додека трет на целта стигна вториот возач на Мерцедес – Валтери Ботас.

Бодови на четвртата трка во тековната сезона освоија и: Шарл Леклер (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Даниел Рикиардо (Мекларен), Карлос Саинц (Ферари), Ландо Норис (Мекларен), Естебан Окон (Алпин) и Пјер Гасли (АлфаТаури).

По четири трки, лидер во Генералниот поредок е Хамилтон со 94 бодови, пред Верстапен со 80 и Ботас со 47.

Кај конструкторите, води Мерцедессо 141 бод, пред Ред Бул со 112. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close