0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Хамилтон има намера да клекне на едно колено на австриското Гран при

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон има намера да покаже поддршка за анти-расистичкото движење, објави „Дејли мејл“ повикувајќи се на извори блиски до шесткратниот светскиот шампион во Формула 1.

Лондон, 16 јуни 2020 (МИА) – Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон има намера да покаже поддршка за анти-расистичкото движење, објави „Дејли мејл“ повикувајќи се на извори блиски до шесткратниот светскиот шампион во Формула 1.

Британецот ќе клекне на едно колено на почетната трка во сезоната. Другите спортски ѕвезди со темна боја на кожата, особено фудбалерите на Челси и Ливерпул, реагираа на ист начин на тековните протести во САД.

Гестот стана симбол на солидарност со жртвите на расизам и протест против полициското самоволие, откако беше за првпат демонстриран од Колин Каперник пред четвртфиналниот натпреварот во НФЛ во 2016 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close