0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Хамилтон ќе донесе одлука за својата кариера по завршувањето на сезоната 2021

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека ќе донесе одлука за својата кариера на крајот на тековната сезоната во Формула 1.

Лондон, 14 април 2021 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека ќе донесе одлука за својата кариера на крајот на тековната сезоната во Формула 1.

– Досега, не чувствувам дека е време да ја завршам кариерата. Нова регулатива ќе стапи на сила следната година, што е многу интересно. Во следните осум месеци, ќе одлучам дали сум подготвен да го прифатам предизвикот. Не мислам дека ќе ја завршам кариерата, но никогаш не се знае што ќе се случи, изјави Хамилтон за „Планет Ф1“.

Хамилтон е во Формула 1 од 2007 година. Триесет и шестгодишниот Британец е седумкратен шампион во „кралските трки“. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close