0_Спорт.ПорталОстанато

Хамилтон до Мерцедес: Промената е добра работа

Се очекува Луис да премине во Ферари, бидејќи ова е единствениот логичен избор за пилот со неговите достигнувања, додека Волф би можел да го замени Чеис Кери на кормилото на Формула 1.

Бракли, 8 декември 2019 (МИА) – Луис Хамилтон изјави дека промената понекогаш може да биде убава работа. Најавата доаѓа во време на постојани гласини дека шесткратниот светски шампион ќе го напушти Мерцедес кон крајот на 2020 година, заедно со тимскиот шеф Тото Волф.

Се очекува Луис да премине во Ферари, бидејќи ова е единствениот логичен избор за пилот со неговите достигнувања, додека Волф би можел да го замени Чеис Кери на кормилото на Формула 1.

– Јас сум со Мерцедес уште од 13 години, па тешко е да се замисли да бидам на друго место. Она што го градевме во последните седум години, од кога сум бил тука, во моментов доминира (природно, Мерцедес работи од порано). Требаше голема сила, која ни одзема долго време за да дојдеме до упорноста, што ја имаме сега. Оваа сила не е нешто што се гради преку ноќ, но другите тимови ги немаат сите елементи што ги имаме. Потребно е време, рече Хамилтон на гала вечерта на ФИА.

На прашањето дали ќе биде исто без Тото Волф, Луис вели: „Јас не мислам така. Но, тој мора да го направи она што е најдобро за него. Тој треба да одлучи која е вистинската одлука за него и неговото семејство. За мене, исто така, ќе дојде таков момент. Понекогаш промената е добра работа“.

Таг
Back to top button
Close
Close