0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Хамилтон ја освои пол-позицијата во Сочи со нов рекорд на патеката

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификациите за Големата награда на Русија.

Сочи, 26 септември 2020 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификациите за Големата награда на Русија.

Триесет и петгодишниот Британец постави нов рекорд на автодромот во Сочи. Тој еден круг возеше за 1,31.304 минута. За него ова е 96-та пол-позиција во кариерата.

Макс Верстапен од Ред Бул стигна до второто место, додека Валтери Ботас (Мерцедес) се најде на третото место.
Од 4. до 10. позиција се најдоа: Серхио Перез, Даниел Рикардо, Карлос Сајнц, Естебан Окон, Ландо Норис, Пјер Гасли и Александер Албон.

Главната трка за руското Гран-при од шампионатот во Формула 1 ќе се вози утре со почеток во 13:10 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close