0_Спорт.ПорталФудбал

Хамес Родригез е близу до трансфер во Манчестер јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез би можел да ја продолжи кариерата во Премиер Лигата, пишува „Дејли експрес“. Според изворот, Манчестер јунајтед е заинтересиран за 29-годишниот Колумбиец.

Лондон, 26 јули 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез би можел да ја продолжи кариерата во Премиер Лигата, пишува „Дејли експрес“. Според изворот, Манчестер јунајтед е заинтересиран за 29-годишниот Колумбиец.

Англискиот клуб е подготвен да понуди околу 25 милиони евра за Хамес.

Манчестер јунајтед има приоритетна опција за играч од средниот ред.

Минатата сезона фудбалерот одигра 14 натпревари за Реал, постигна еден гол и направи една асистенција.

На фудбалскиот пазар Хамес се проценува на 32 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close