0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Хамес преминал бесплатно во Евертон

Ова станува јасно од изјавата на претставник на неговиот поранешен тим Банфилд од Аргентина, каде тие очекуваа процент од износот што беше објавен во медиумите во висина од 25 милиони евра.

Ливерпул, 18 септември 2020 (МИА) – Колумбискиот играч за врска Хамес Родригез преминал бесплатно од Реал Мадрид во Евертон.

Ова станува јасно од изјавата на претставник на неговиот поранешен тим Банфилд од Аргентина, каде тие очекуваа процент од износот што беше објавен во медиумите во висина од 25 милиони евра.

Банфилд се распрашал дали ќе добијат нешто според механизмот за солидарност и стана јасно дека Хамес отишол во Евертон како слободен агент.

– За жал, нема да добиеме ништо, соопштија од Банфилд, цитиран од Goal.com

Таг
Back to top button
Close
Close