0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Хамас го одби мировниот план на Трамп

Палестинското движење Хамас денеска го поддржа палестинскиот претседател Махмуд Абас и неговата одлука да го одбие планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток. 

Газа, 28 јануари 2020 (МИА) – Палестинското движење Хамас денеска го поддржа палестинскиот претседател Махмуд Абас и неговата одлука да го одбие планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија изјави дека оваа група, која е на власт во Појасот Газа, ја поддржува „ цврстата позиција“ на Абас и го отфрла мировниот план на Белата куќа.

Ханија ги повика сите палестински фракции да ги остават настрана своите несогласувања и да се обединат против планот на Трамп, јавија американските медиуми.

Абас најави итен состанок на Западниот брег, по објавувањето на планот на Трамп, на кој се повикани и претставниците на Хамас.

Планот на Трамп за Блискиот Исток повикува на создавање палестинска држава со престолнина во Источен Ерусалим, но од Палестинците се бара да ги прифатат условите кои претходно не беа подготвени да ги разгледаат, како што се еврејските населби на Западниот брег. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close