0_Спорт.ПорталТенис

Халеп го откажа настапот на Вимблдон

Третиот светски рекет Симона Халеп објави дека нема да игра на Грен слемот во Лондон. Актуелната шампионка на Вимблдон ќе го пропушти турнирот поради проблеми со мускулот на задниот дел на потколеницата.

Лондон, 25 јуни 2021 (МИА) – Третиот светски рекет Симона Халеп објави дека нема да игра на Грен слемот во Лондон. Актуелната шампионка на Вимблдон ќе го пропушти турнирот поради проблеми со мускулот на задниот дел на потколеницата.

За потсетување, Романката го скина мускулот на левата нога на натпреварот против Анжелик Кербер во Рим. Поради повреда се повлече од Ролан Гарос, каде беше шампион во 2018 година.

Неофицијалното светско првенство на трева – Вимблдон започнува на 28 јуни. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close