0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Хакими пред потпис со Интер

Ди Марцио исто така тврди дека Баерн и Сити биле подготвени да понудат 60 милиони евра и плата за Хакими, многу поголема од петте милиони евра што ќе ги добие од гигантот од Милано во секоја од следните пет сезони. Сепак, Мароканецот сметал дека Интер е „совршен чекор“ за следната фаза од неговиот развој заради амбициите на клубот.

Милано, 27 јуни 2020 (МИА) – Екипата на Интер ги совлада екипите на Баерн Минхен и Манчестер Сити за потписот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид, тврди италијанскиот новинар Џaнлука Ди Марцио. Според него, „нероазурите“ ќе платат 45 милиони евра, а трансферот ќе биде финализиран денес, со тоа што „белите“ првично добија 40 милиони евра, а остатокот во форма на бонуси.

Ди Марцио исто така тврди дека Баерн и Сити биле подготвени да понудат 60 милиони евра и плата за Хакими, многу поголема од петте милиони евра што ќе ги добие од гигантот од Милано во секоја од следните пет сезони. Сепак, Мароканецот сметал дека Интер е „совршен чекор“ за следната фаза од неговиот развој заради амбициите на клубот.

Дваесет и едно годишниот дефанзивец ги помина последните две сезони на позајмица во Борусија Дортмунд, постигнувајќи 12 голови и обезбеди 17 асистенции на 72 одиграни натпревари.

Тој можеби веќе го одигра својот последен натпревар за Дортмунд, со оглед дека тие веќе се безбедни за второто место во Бундеслигата.

Таг
Back to top button
Close
Close