Svet.SlajderСветСвет.Портал

Хадид: Анкара спроведува „туркификација“ на Сирија

Турција се обидува да го бетонира своето присуство на окупираните сириски територии со политиката на „туркификација“, изјави денеска сирискиот амбасадор во Москва, Ријад Хадид, на седницата на Советот на Федерацијата.

Москва, 19 ноември 2019 (МИА)  – Турција се обидува да го бетонира своето присуство на окупираните сириски територии со политиката на „туркификација“, изјави денеска сирискиот амбасадор во Москва, Ријад Хадид, на седницата на Советот на Федерацијата.

-Турција не престана да го крева своето знаме над окупираните територии. Исто така, таа отвори турски владини институции, унапредувајќи ја политиката на туркификација и ја промени својата училишна програма како да зборува „ се вративме во средновековно време кога било која држава можела да освои територија на друга суверена држава, занемарувајќи го меѓународното право, наведе Хадид.

Сирискиот дипломат нагласи дека неговата земја стана жртва на „новиот вид повреди на суверенитетот на државата и мешањето во внатрешните работи“, додека „надворешните играчи“ отворено ги поддржуваат терористичките групи, пренесува Тасс. сд/

Back to top button
Close
Close