0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Хачинсон: Горди сме што ја имаме Северна Македонија како сојузник во НАТО

Горди сме што ја имаме Северна Македонија како полноправна членка на НАТО. Народот на Северна Македонија покажа голема храброст во прифаќањето на оваа политичка одлука, изјави за МИА постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон.

Вашингтон, 1 април 2020 (МИА) – Горди сме што ја имаме Северна Македонија како полноправна членка на НАТО. Народот на Северна Македонија покажа голема храброст во прифаќањето на оваа политичка одлука, изјави за МИА постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон.

– Тие работеа цели 20 години да станат членка на НАТО, и многу сме горди што им посакуваме добредојде, изјави таа денеска на видео брифинг за новинарите.

Додаде дека вратата на НАТО останува отворена за земјите кои сакаат демократија, слобода, слободи медиуми, човекови права и владеење на правото.

– Овие се основните вредности што членките на НАТО ги поседуваат и се заколнаа да ги штитат. Македонија, Северна Македонија, дојде во пресрет со неопходните реформи, и ние сме многу горди што ја нарекуваме сојузник, изјави Хачинсон за МИА.

Брифингот на постојаниот претставник на САД во НАТО се оддржа во пресрет на министерскиот состанок на военаната Алијанса што утре се оддржува во Брисел.

На состанокот на Северноатлантскиот совет во формат на шефови на дипломатии ќе присуствува и македонскиот министер на надворешни работи Никола Димитров.

Ова ќе биде прво учество на Северна Македонија, на едно заседание на Алијансата како полноправна членка на НАТО. кб/са/

Back to top button
Close
Close