0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Хјустон постави нов клупски рекорд во НБА

Тимот на Хјустон рокетс постави нов клупски рекорд во најсилната кошаркарска лига на светот. „Ракетите“ ноќеска во триумфот над Оклахома сити (136:106), реализираа 28 удари за три поени.

Оклахома, 2 февруари 2021 (МИА) – Тимот на Хјустон рокетс постави нов клупски рекорд во најсилната кошаркарска лига на светот. „Ракетите“ ноќеска во триумфот над Оклахома сити (136:106), реализираа 28 удари за три поени.

Ерик Гордон, кој не беше во првата петорка, претвори 5 од 9 тројки и стана најпродуктивниот играч на средбата со 25 поени. ДеМаркус Казинс исто така за три поени шутираше 5 од 9.

Вкупно, Хјустон погоди 28 од 52 удари за три поени, односно имаше реализација 53,8 проценти.

За тимот ова беше 10 победа во 19. натпревар од почетокот на НБА сезоната. зс/

Back to top button
Close
Close