КошаркаРезултатиСпорт.Слајдер

Хјустон последен четвртфиналист во плејофот од НБА-лигата

Хјустон рокетс избори четвртфинале во разигрувањето за шампионскиот трофеј во НБА-лигата. „Ракетите“ ноќеска во седмиот меч од првото коло го совладаа тимот на Оклахома сити и со 4-3 во победи одат во конференциско полуфинале.

Орландо, 3 септември 2020 (МИА) – Хјустон рокетс избори четвртфинале во разигрувањето за шампионскиот трофеј во НБА-лигата. „Ракетите“ ноќеска во седмиот меч од првото коло го совладаа тимот на Оклахома сити и со 4-3 во победи одат во конференциско полуфинале.

Предводени од Ерик Гордон и Роберт Ковингтон кои постигнаа по 21 поен, Хјустон победи со 104:102. Во тимот на Оклахома Лугенц Дорт беше најефикасен со 30 поени, а неговиот шут за три поени во последните секунди беше изблокиран од Џејмс Харден.

Противник на Хјустон во полуфиналето на Запад ќе биде Лос Анџелес лејкерс.

Во Источната конференција, Мајами по втор пат го победи Милвоки, резултатот беше 116:114, за водство од 2-0 во серијата прв до четири. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close